Од Франција и Луксембург вратени 49 албански државјани, баратели на азил

Од:

Албанската државната полиција информираше дека 49 албански државјани, вклучително и семејства со деца, се вратени во Тирана откако им било одбиено барањето за азил во земјите на ЕУ.

Со чартер лет од Франција се вратени 44, додека петмина од Луксембург.

„Освен координираната соработка Франција – Белгија и Франција – Холандија, овој пат учествуваше и Луксембург и албанската гранична полиција. Граничната полиција на меѓународниот аеродром во Тирана презеде мерки за нивно обезбедување во просториите определени за оваа намена, сè до завршување на стандардната постапка од гранична полиција, стои во соопштенето на албанската државна полиција.

Таму се додава дека Mинистерството за внатрешни работи и државната полиција уште еднаш апелираат до сите оние граѓани кои имаат намера да патуваат во шенген зоната за да побараат азил, да не прават залудни напори, бидејќи „шансите за добивање азил се нула“.

Деновиве со чартер лет од Шпанија беа вратени 26 албански граѓани поради прекршување на правилата за престој во шенген зоната. Претходно беа депортирани 40 албански државјани, од нив 34 од Франција и шесттмина од Белгија, откако им било одбиено барањето за азил.

Според полицијата од почетокот на годинава околу илјада албански државјани се депортирани со чартер летови од неколку европски земји, пред се Франција и од Германија.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето