Обвинителот Вилијамсон допатува во Приштина

Од:

Американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон, кој ќе ги истрaжува тврдењата на Дик Марти за тргoвија на органи за време на косовската војна, извршени од ОВК, денеска допатува во Приштина.

Првата средба тој веќе ја оствари со претседателката Атифете Јахјага, но за што разговарале нема информации. Вилијамсон ќе се сретне и со косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи.

Попладне се очекува Вилијамсон да даде изјава за новинарите и јавно да каже за истрагата околу тврдењата дека припадници на ОВК вршеле шврец на органи од заробени Срби, Роми и „непослушни“ Албанци.

Истрагата во случајот со трговијата на органи, за која се претпоставува дека била направена од Ослободителната војска на Косово (ОВК) на најмалку две локации во Албанија – во селото Гур (северо источна Албанија во околијата Мат) и Фуш Круја, започнала во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Обвинителството во Приштина поднесе обвинение против тројца Срби

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов