ОБСЕ загрижени за централизираното информирање на српската влада за епидемијата

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Арлем Дезир и шефот на мисијата на ОБСЕ во Србија, Андреа Орицио, денеска изразија загриженост за новата одлука на српската влада за информирањето за време на вонредната состојба со пандемијата на коронавирус и влијанието која одлуката може да ја има врз слободниот пристап до информации.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението на ОБСЕ се наведува дека „се чини дека одлуката ги исклучува новинарите и медиумите  да добиваат информации за пандемијата од други извори, освен од оние што се споменати во одлуката“.

Дезир кажа дека „пристапот до информации е од клучна важност за медиумите“ кои, во време на здравствена криза, „имаат важна улога во обезбедувањето значајни информации за јавноста и во борбата против ширењето на лажни информации за пандемијата“.

-Иако целосно ја разбирам потребата од борба против емитувањето лажни информации за време на оваа здравствена криза, јас сум загрижен за влијанието на оваа одлука врз работата на медиумите и новинарите, како и нивната способност да известуваат за пандемијата и да објавуваат информации кои потекнуваат од разни извори“, оцени Дезир.

Тој „нагласи дека одлуката (на српската влада) може да има негативно влијание најмногу врз локалните медиуми, вклучително и на нивниот капацитет да известуваат за локалните теми поврзани со пандемијата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски