ВИДЕО: Обезбедувачи претепаа словенечки туристи на плажата во Умаг, меѓу нив и девојка

Од:

На јавната плажа во Савудрија, недалеку од Умаг, синоќа се случи инцидент во кој двајца обезбедувачи нападнаа група словенечки туристи, вклучувајќи и една девојка.

Според нападнатите, туристите прво се дружеле во викендица над плажата, а потоа се спуштиле на плажата под хотелот околу 22 часот. По околу час и половина, еден од обезбедувањето на хотелот им се приближил и почнал да ги брка. Кога го прашале зошто ги брка од јавната плажа, му се придружил колега кој, според сведоците, се однесувал исклучително агресивно.

Туристите решиле да ја чекаат полицијата во близок објект наа плажата, но потоа биле нападнати од двајцата обезбедувачи. Повикана е и брза помош, а двајца повредени туристи побарале медицинска помош во Словенија.

Директорот на хотелот Кемпински, Нинослав Видовиќ, потврди дека е запознаен со инцидентот, но нагласи дека тоа не е одговорност на хотелот, туку била надворешната безбедносна служба. Тој не сакаше да одговори на прашањето по чија наредба обезбедувачите биле на плажата, ниту дали наведената служба ќе биде заменета, пренесува РТВ Словенија.

Видеото може да го погледнете на следниот линк

Би можело да ве интересира

Железничка несреќа во Хрватска, тројца патници се повредени

Иако е жив, го прогласија за мртов – промена на идентитет со сериозни последици

А1он

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време

Анкета: Огромно мнозинство Хрвати сметаат дека нападот врз Иран не е оправдан

Предраг Петровиќ

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Хрват избоде двајца Авганистанци во Линц, едниот почина