Железничка несреќа во Хрватска, тројца патници се повредени

Од:

Воз на ХЖ Патнички превоз излета од шините денес помеѓу станиците Бјеловар и Клоштар откако удри во паднато дрво на пругата.

Како што објави ХЖ Патнички превоз, станува збор за воз со број 787, кој сообраќал помеѓу Главната станица Загреб и Вировитица. Несреќата се случила во 17:40 часот.

Во возот имало околу четириесет патници, а според првичните информации, три лица се полесно повредени. Итни служби се испратени на местото на настанот.

Поради несреќата, пругата на делницата Бјеловар – Клоштар е затворена за сообраќај. Во тек е организацијата на префрлање на патничкиот превоз во автобуси.

Би можело да ве интересира

Најмалку 46 лица се повредени во судир на два воза во Прага

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски