„Новости“: ЕУЛЕКС не си заминува од Косово до крајот на годината

Од:

ЕУЛЕКС не си заминува од Косово до крајот на годината и неговиот мандат ќе трае до јуни 2014 година, наведува белградскиот весник „Новости“ по повод шпекулациите дека Мисијата на ЕУ ќе ја напушти Приштина во декември.

Весникот наведува дека косовските власти упатиле писмо до високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон и амбасадориите на земјите-членките на Унијата во Приштина, со барање европската мисија за владеењето на правото да заврши на 31 декември.

– ЕУЛЕКС не си заминува до крајот на годината. Нашиот мандат трае до јуни 2014 година, изјавил за весникот претставник на Мисијата.

Шефот на Одборот за Косово во српскиот Парламент, Милован Дрецун изјави дека меѓународното воено и цивилно присуство во Косово е многу значајно за Србите, „без разлика на тоа што ЕУЛЕКС е статусно пристрасен“.

– Институциите што ги формира Приштина се со слаб капацитет и не им се доволен гарант на Србите и другите неалбанци. Тие неможат да се изборат со проблемите и да ја гарантираат безбедноста.

Доколку ЕУЛЕКС замине, неминовно ќе биде да се засили присуството на УНМИК (Мисијата на ОН), што постапува според Резолуцијата 1244 и во која српскиот народ има повеќе доверба, изјави Дрецун за „Новости“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски