Новиот подвид на сојот омикрон откриен и во Словенија

Од:

Словенија го потврди првиот случај на подвидот на омикрон – сојот БА.2, изјави шефот на националната лабораторија Тјаша Жохар Цретник.

Таа исто така рече дека се уште не е јасно дали овој подвид е позаразен од оригиналот.

Тјаша Жохар Цретник изјави и дека подвидот омикрон BA.2 е откриен во Подравје, додавајќи дека според непотврдени податоци постои можност да се откриени уште два случаи BA.2 на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана.

BA.1 е првиот вид на омикрон, кој го замени делта сојот за неколку недели и сега претставува, барем во Словенија, 95% од новите инфекции.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидови омикрон во првите 10 дена од јануари, наведувајќи дека BA.2 е откриен и во други 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што се пронајдени повеќето од овие подвидови омикрон.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски