Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Од:

Словенечкиот јавен сервис – Радио телевизија на Словенија – побара на Израел да му се забрани учество на Евровизија во 2025 година поради војната во Појасот Газа.

Раководството на РТВ Словенија минатата недела гласаше да побара од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да му забрани на Израел да учествува на натпреварот следната година во Швајцарија, објави денеска Тајмс оф Израел.

Истовремено, не беше прифатен предлогот Словенија да се повлече од тоа натпреварување, доколку се дозволи учество на Израел, ниту пак Словенија да игнорира евентуален израелски настап.

ЕБУ посочи дека нема да ги исполни барањата за забрана на учество на Израел следната година.

Оваа недела, сепак, имаше предупредувања дека затворањето или приватизацијата на израелскиот јавен радиодифузен сервис Кан може да го загрози неговото идно учество на натпреварот.

Би можело да ве интересира

EuroMed: Израел уби најмалку 110 Палестинци од почетокот на прекинот на огнот во јануари

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Израелската армија го нападна складиштето за оружје на Хамас во Сирија

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Хамас му предаде тројца израелски заложници на Црвениот крст

Пентагон: Израел ќе купи оружје од САД во вредност од 7,4 милијарди долари