Нови земјотреси во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Од:

Нов земјотрес со јачина од 4.5 степени ја погоди доцна вчера Албанија, пренесуваат медиумите.

Епицентарот бил на 22 километри западно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Малку подоцна, нов потрес со јачина од 3.5 степени повторно ја погоди Албанија, овој пат на 58 километри од Тирана.

Според податоците овој земјотрес се почувствувал и во Црна Гора, најмногу во Улцињ.

Од утрото на 26 ноември, кога беше разорниот земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице, а беше предизвикана огромна материјална штета, најмногу во Драч,Тирана и Туман, до сега се регистрирани над 700 потреси со различна јачина.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија