Нови случаи на отстранување двојазични табли во Вуковар

Од:

Непознати лица отстранија синоќа во Вуковар уште една двојазична табла од зградата на Центарот за социјална заштита, јавија хрватски медиуми.

Вчера попладне исто така непознати лица отстраниле двојазични табли од три згради – од Заводот за вработување, Заводот за пенсизко осигурување и Државниот инспекторат.

Од полицијата наведоа дека во тек е истрага за да се утврди идентитетот на луѓето кои ги отстраниле и однеле таблите како и останатите околности кои влијаеле за таков чин.

Од Штабот за одбрана на хрватски Вуковар, соопштија дека поддржуваат симнување табли од згради на хрватски државни институции, но истакнуваат дека членови на Штабот не се одговорни.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик