Нови протести против службената употреба на српскиот јазик и кирилицата во Вуковар

Од:

Во хрватскиот град Вуковар денеска се одржа нов протест поради воведувањето на српскиот јазик и неговото кирилично писмо во службена употреба во вуковарската општина.

На протестот пристигнаат демонстранти од сите делови на Хрватска, меѓу кои најбројни беа ветераните од војната од 1991 до 1995 година.

Организатор на протестот беше т.н. Штаб за заштита на хрватскиот Вуковар, кој најави дека ќе побара од Уставниот суд на Хрватска да се произнесе околу уставноста на официјализацијата на српскиот јазик.

Според пописот на населението од 2011 година, 34.87 проценти од жителите на Вуковар се Срби, со што согласно хрватското законодавство, српскиот јазик и неговото писмо можат да се користат во службена употреба во општината.

Хрватските националисти, како и голем број учесници во војната од 90-те години на минатиот век, се противат на ваквата законска одредба, која стапи во сила на 19 јануари. Тие организираа протест на 19 јануари, на кој беше побарано воведување мораториум на примената на оваа одредба во следните 20 години. Иститот ден, екстремно десничарската Хрватска партија на правото (ХСП) започна со собирање потписи на петиција за воведување на 10-годишен мораториум на оваа законска одредба.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари