Нови инциденти на грчкиот остров Лезбос

Од:

Инцидентите меѓу полицијата и локалното население на Лезбос продолжија и вечерва во близина на касарната на островот, а во исто време, портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас најави дека од утре дел од специјалците ќе се повлечат од островите, додека пак Мицотакис ќе се сретне со локалните власти од островите.

Инцидентите од местото предвидено за изградба на затворениот центар за бегалци и мигранти на Лезбос, вечерва се префрлија во околината на касарната, каде што се засолнаа специјалните полициски единици. Граѓаните, според локалните медиуми, ја скршиле влезната порта, запалиле огнови и предизвикале инциденти.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас во интервју за ТВ „Алфа“ најави дека од утре дел од полициските сили на Лезбос и Хиос ќе се повлечат, односно оние кои беа испратени за засилување на полицајците што се на островите, бидејќи завршува првата фаза од владиниот план за изградба на затворените центри.

Паралелно, утре попладне, во премиерската палата во Атина, Кирјакос Мицотакис ќе се сретне со префектот на северниот дел од Егејското Море и со градоначалниците на островите во обиде да се намали тензијата што постои во изминатите денови.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски