Нови детали за претепувањето на Словенците во Хрватска: Со палка и ја скршија главата на девојката

Од:

Полицијата во Хрватска спроведе кривична истрага против тројца обезбедувачи на хотелот „Кемпински“ во Истра, на возраст од 19, 46 и 57 години, поради бруталниот напад врз двајца млади Словенци на плажата во Истра.

Инцидентот се случил на 15 август околу 23:30 часот во областа Умаг, каде тројца мажи, кои работеле како обезбедувачи, им се приближиле на 28-годишен Словенец и 25-годишна Словенка поради наводно непочитување на куќниот ред на туристичкиот објект.

По вербалниот конфликт, 46-годишникот забележал дека младиот човек го снима, му го фрлил мобилниот телефон,а потоа и него на земја. Потоа сите тројца почнале да го удираат 28-годишникот со раце и нозе. Кога девојката се обидела да ги спречи, 46-годишникот ја удрил со рака, а 57-годишникот ја удрил во главата со телескопска палка.

После тоа, тие продолжиле да го тепаат младиот човек, по што избегале од плажата, соопшти полицијата.

Против тројца мажи се поднесени кривични пријави за насилно однесување, а 46-годишникот дополнително се товари за оштетување туѓ имот, додека 57-годишникот се товари и за обид за нанесување тешка телесна повреда.

Полицијата за случајот го известила инспекцискиот надзор на Дирекцијата за цивилна заштита. Утврдено е дека двајцата напаѓачи немале дозвола од МУП за вршење работи на приватно обезбедување, па против нив се води прекршочна постапка.

Казната му се заканува и на хотелот што ги вработил затоа што им дозволувал на луѓето да работат без пропишана дозвола. За третиот човек, кој имал дозвола, ќе се спроведе проценка на законитоста на неговите постапки.

Би можело да ве интересира

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Полицијата истражува симпатизери на ЗДС и десничарската ХДЗ поради фашистичките поздрави