Новата грчка Влада положи заклетва

Од:

Новата грчка Влада, составена од партиите Сириза и „независни Грци“, денеска, на свечена церемонија во претседателскиот дворец, положи заклетва. На церемонијата присуствуваше и претседателот Kаролос Pапуљас, јави ТАСС.

Премиерот Алексис Ципрас, лидер на радикално левата Сириза на вчерашната слична церемонија вети дека ќе ги почитува Уставот и законите во земјата и ќе служи на интересите на грчкиот народ.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Новата грчка Влада положи заклетва

Од:

Новата влада на Грција, во која лидерот на социјалистите Евангелос Венизелос е заменик-премиер и министер за надворешни работи, денеска положи свечена заклетва.

Премиерот Андонис Самарас синоќа направи реконструкцијана својот Кабинет, само неколку дена откако помалиот коалициски партнер се повлече од владината коалиција поради несогласувања околусудбината на јавниот радиодифузен сервис ЕРТ.

Новиот Кабинет, кој има 11 министри и заменици министри од ПАСОК, положи свечена заклетва на церемонијата со која претседаваше претседателот Каролос Папуљас. Пантелис Капсис, поранешен портпарол на технократската влада на Лукас Пападемос, е назначен за министер за државната телевизија кој има задача да направи реконструкција на веќе непостоечката ЕРТ.

Владиниот портпарол Симос Кедикоглу, кој исто како и клучниот министер за финансии Јанис Стурнарас, ја задржа својата функција и покрај гласините дека ќе биде сменет, синоќа ги објави имињата на членовите на новиот Кабинет, неколку часа по кусата средба меѓу Самарас и Венизелос.

Јанис Стурнарас, близок соработник на Самарас, ја сочува својата позиција како министер за финансии, како и неколку други клучни членови на Владата, меѓукои се министерот за развој Костис Хаџидакис, министерот за јавен ред Никос Дендиас, министер за труд Јанис Вруцис, министерот за туризам Олга Кефалојани и министерот за образование Константинос Арванитопулос.

Непроменет е и министерот за Македонија и Тракија Теодорос Караоглу. Досегашниот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос сега е министер за одбрана, додека досегашниот шеф на одбраната Панос Панајотопулос во новата Влада е министер за култура.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески