Новата американска амбасадорка Јури Ким допатува во Тирана

Од:

Новата амбасадорка на САД во Албанија,Јури Ким допатува во Тирана.

-На првиот ден од мандатот како амбасадор на светската суперсила, но и на стратешки партнер на нашата земја, САД, Јури Ким, изрази заложба да даде максимум во оваа мисија,јави телевизијата Ора њуз.

„Чест ми е и задоволство што сум во Албанија и подготвена сум да започнам со мојата работа“,напиша Ким на официјалната веб страница на амбасадата.

Американската амбасада во Тирана од август 2018 година е без амбасадор, откако си замина амбасадор Доналд Лу.

Инаку, по вообчаената постапка американскиот Сенат го потврди нејзиното именување на 20-ти минатиот месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше дипломатката од кариера за вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Албанија, на крајот од јуни минатата година.

Пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД, на крајот од октомври таа ги презентраше трите главни приоритетите доколку биде назначена за нов амбасадор во Албанија.

Прво, рекла Ким, ќе ја охрабри Албанија да продолжи со стабилниот курс за да постигне два отсто инвестиција во одбраната до 2024 година, така што Албанија да стане уште помоќна и способна како сојузник.

Втор приоритет ќе и биде решавање на политичката криза во Албанија.

-Второ, ќе продолжам да го унапредувам демократскиот развој на Албанија. Со непосредни термини, јас ќе ги повикал лидерите на Албанија да го решат сегашниот политички ќор-сокак на начин што ќе го зајакне барањето на Албанија за пристап во ЕУ, изјавила Ким.

Трет нејзин приоритет ќе биде промовирање на американскиот извоз и инвестиции во Албанија, со цел да се обезбедат можности за американските и албанските граѓани, како и создавање работни места во двете држави.

Родена е во Кореја а израснала на островот Гуам, територија на САД во Тихиот океан. Член е во високата служба за наворешна политика, а работела во Стејт департментот и како директор на Канцеларијата за прашања за Јужна Европа. Претходно била директор во Стејт департментот за студии за дипломатија, шеф на кабинетот на заменик државниот секретар и директор на Канцеларијата за европска безбедност и политичко-воени работи.

Таа исто така била специјален асистент на помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацификот и член на делегацијата на САД во шестпартиските разговори за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Била политички советник во американската амбасада во Багдад и Анкара. Зборува кинески, јапонски, корејски и турски.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија