Нова жртва нa хеморагичната треска во Косово

Од:

Во Косово официјално е регистрирана осмата жртва на хеморагична треска, јави дописникот на МИА.


Станува збор за 58-годишен маж од Драгобил кај Малишево, кој починал ноќеска по полноќ во Клиничко-болничкиот центар во Приштина.


 – Клиничко-болничкиот центар во Приштина тој беше донесен во неделата, но и покрај напорите, не можевме да направиме ништо повеќе. Жртвата е 58-годишен маж кој почина  ноќеска, трисет минути по полноќ, изјави инфектологот Салих Ахмети.


Тој потврди дека во Клиниката се хоспитализирани уште четворица пациенти заболени од хеморагична треска, но оти во овој миг тие не се во тешка здравствена состојба.


Пред пет дена од хеморгична треска почина и 34-годишен маж од селото Астразум исто така во реонот на Малишево. Со денешниот случај од вкупно осум починати од хеморагична треска, дури петмина се од општина Малишево.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски