Нова влада во Романија

Од:

Со 402 гласа „за“ и 120 гласа „против“ во Романија е изгласана нова влада на Виктор Понта.

Владата ќе положи заклетва пред претседателот на државата, кој во повеќе наврати се изјасни против премиерот Понта.

Првата влада на Виктор Понта, од 7 мај, и оваа вторава, која е резултат на парламентарните избори одржани на 9 декември, единствени се влади од 2004 година, во чие формирање не учествуваше претседателот Трајан Басеску.

Понта нагласи дека ова е „крај на политичкиот свет на омразата, раздорот, сиромаштијата, кражбите на јавни пари“ и оти почнува нов начин на владеење, свртен кон сите Романци.

Понта предлага измена на Уставот за јасно да се дефинираат овластувањата на претседателот на државата, владата и парламентот, со цел повеќе „да не зависи се од еден човек“.

Во план е децентрализација на Романија на осум региони со поголеми овластувања, а проблемите на граѓаните да се решаваат локално.

Понта најавува и структурни реформи во областа на енергетиката, земјоделството, државните компании, како и борба против „екстремната сиромаштија“, спроведување на социјална правда и солидарност.

Меѓу приоритетите на новата влада е создавање работни места, големи проекти во областа на инфраструктурата, коректна и ефикасна фискалоност и користење на европските фондови, кои досега ретко се користеа, објави РТС.

Се најавува подобра соработка со ЕУ и НАТО, како и стратешко партнерство со САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет