Нова средба на Курти и Мустафа во обид да договорат заедничка влада

Од:

Лидерите на двете партии победнички на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), се состанаа денеска ненајавено, во нов обид да постигнат договор за формирање на идната косовска влада.

И на третиот по ред состанок на двајцата лидери по прогласувањето на официјалните изборни резултати од страна на Централната изборна комисија (ЦИК) на 27 ноември, на новинарите не им беше дозволено да ја следат средбата, а овој пат не им се овозможи ниту сликање.
Мустафа, чија партија на парламентарните избори на 6 октомври освои околу 25 отсто, односно нешто над еден процент помалку гласови од партијата на Курти, кој се очекува да ја води идната влада, пред состанокот во Собранието на Косово им изјави кратко на новинарите дека не знае кога ќе се постигне договор, но дека се прават напори да се дојде до тоа.

– Разговараме, а кога разговараме тоа го правиме во полза на спогодбата. А за тоа кога ќе се спогодиме – тоа не можам да го гарантирам денеска, изјави Мустафа.

Спорот во преговорите меѓу двете досега опозициски партии настана откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Членката на Претседателството на ВВ Албулена Хаџиу завчера ваквото барање на ЛДК го нарече апсурдно и порача дека доколку партијата на Мустафа продолжи да инсистира на добивање на таа функција, тогаш единствена алтернатива е земјата да оди на избори.

Би можело да ве интересира

Изетбеговиќ: Ако Србија го признае Косово, би се отвориле апетитите за Босна и Херцеговина

А1он

На косовската граница немало српски полицајци, туку заедничка патрола на КФОР и српската војска

А1он

Премиерот на Косово најави извештај по информациите за присуство на српската Жандармерија на Косово

Ландов

Експретседателот на Косово, Пацоли, пријавил дека поседува имот од стотици милиони евра, куќи и хотел во странство

Ландов

Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор

Ландов

Нови 13 починати, 225 заболени и 201 излекуван од Ковид-19 во Косово

А1он