Нова серија протести во Бугарија

Од:

Неколку стотици лица се собраа вечерва пред претседателската резиденција во Софија со цел да го изразт своето противење на одржувањето предвремени избори во Бугарија.

Демонстраните тврдат дека се против „сите што управувале со државата во последните 23 години“. Тие извикуваа „Оставка, оставка“ и бараа да им се обрати бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Протести се одржаа и во Враца, каде учесниците на собирот побараа распишување референдум за свикување на Големо народно собрание, кое би донело нов устав со кој би се променил политичкиот систем во Бугарија.

Тие бараат пратениците да се избираат според мнозински изборен систем, да нема „никакви политички партии и државта да му се врати на народот“. Од собирот беа извикувани пароли „Победа“, „Ние сме народот, многу сме“, „Секој ден ќе биде вака – до победата“, „Промена на системот“…

Во повеќе бугарски градови се одржаа и митинзи за поддршка на премиерот во оставка Бојко Борисов. На овие собири беа истакната транспаренти со повици дека „иднината на Бугарија е само со Бојко (Борисов)“ и „не на Станишев и Доган“, лидерите на опозициските Бугарска социјалиситчка партија (БСП) и Движењето за права и слободи (ДПС).

Паралелно со ова во повеќе градови се одржуваа и протести против чешката енергетска компанија ЧЕЗ, која стопанисува со бугарскиот електроенергетски систем, и против остантите монополски фирми. Од овие протести беше побарано да се преразгледаат изададените лиценци за работа на сите монополски компани и беше побарана одговорност „од виновниците за разграбувањето на државата“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори