Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина на 19 февруари

Од:

Новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина ќе почне на 19 февруари во Брисел, соопшти денеска портпаролот на високиот претставник на Европската унија, Маја Коцијанчиќ.

Следниот состанок на дијалогот ќе биде одржан следната недела во Брисел. Домаќин ќе биде високата претставничка Кетрин Ештон, а двете страни ќе бидат претставени од премиерот на Србија Ивица Дачиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи. Состанокот ќе почне во вторник, 19 февруари, се наведува во соопштението.

Дачиќ денеска изјави дека претстои најтешкиот дел од дијалогот со Приштина, бидејќи мора да се реши прашањето за паралелните институции во Косово.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот