Во Албанија утре треба да пристигнат 7.000 вакцини од договорените 500.000 со компанијата „Фајзер“.
Претходно, на почетокот на месецов во земјата пристигнаа 1.170 а до крајот на месецов треба да пристигне нова количина или вкупно 40.000 вакцини.
Вакцинацијата во Албанија почна на 11 минатиот месец по добиената донација од 975 дози вакцини од како што рече премиерот Еди Рама, пријателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено.
Според официјалната статистика до сега две дози од вакцината добиле 540 здравствени работници и премиерот Рама, додека првата доза ја примиле 689 здравствени работници.
И додека вакцинацијата се одвива со забавена динамика, вирусот забрзано се шири. Во просек дневно овој месец има по над 1.050 нови случаи, по 13 починати а четирите ковид болници се преполни.
Како што вчера информираше Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатиот деноноќие, од направените 3.994 тестови, позитивен резултат е добиен кај 1.152 лица што се високи 29 проценти од тестираните.
Во исто време починале 12, оздравеле 740 додека во четирите ковид болници, кои располагаат со вкупно 550 легла, хоспитализирани се 512 пациенти.