Нова Демократија со предност од 0,5 отсто пред Сириза, Самарас најпосакуван за премиер

Од:

Една третина од Грците и натаму сметаат дека Андонис Самарас е најпогоден за премиерската функција, следен од Алексис Ципрас.

20 отсто од анкетираните се на мислење дека доколку сега има избори, неговата партија Нова Демократија ќе победи, следена од радикалната левица СИРИЗА со 19,5 отсто, покажа истражувањето на агенцијата Пулс (Pulse), објавено во весникот „Пондики“.

Во април истата агенција имаше дадено еднакви проценти за двете партии, по 19,5 отсто доверба кај избирачите.

Новите податоци уште покажуваат дека на трето место е крајнодесничарската „Златна зора“ со 13 отсто ( во април имаше 12 отсто), социјалистичката ПАСОК има само шест отсто ( во однос на априлските седум отсто), Комунистичката партија е со 5,5 отсто ( во однос на петте отсто во април), „Независните Грци“ со четири отсто (во однос на пет отсто) и Демократската левица ДИМАР со 3,5 отсто (идентично во април).

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески