Нова демократија ќе ги чека официјалните резултати од изборите

Од:

Грчката партија Нова демократија ги чека официјалните резултати од предвремените парламентарни избори, изјавија претставници на партијата додавајќи дека излезните анкети не се официјални изборни резултати.

– Според анкетите, Сириза има предност, ние не се сомневаме во тоа. Сепак, ние упатуваме на тоа дека во минатото излезните анкети не го рефлектираа крајниот резултат. Со оглед на тоа што не ја знаеме разликата, ќе мора да почекаме, изјави извор од Нова демократија за грчките медиуми.

Според него, постои и друга излезна анкета на „Капа рисрч“, според која Нова демократија освоила 25 до 28 проценти, а Сириза 33,5 до 37 проценти.

– Ќе ги почекаме крајните бројки за да извлечеме заклучок за изгубените гласови во споредба со претходните избори. Како и да е, имаше висока стапка воздржани граѓани, изјавил истиот извор.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески