Нова демократија е против референдум, грчкиот Парламент вечерва ќе се изјасни за ова прашање

Од:

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, кој е претседател на главната грчка опозициска партија Нова демократија ја обвини Владата на Алексис Ципрас дека лобира во корист на драхмата, јави ТАСС.

Самарас ја критикуваше Владата по седницата на политичкиот совет на Нова деморкатија за прашањето за одржување референдум за понудата на кредиторите, кој Ципрас го закажа за 5 јули.

– Намерното одолговлекување на преговорите со кредиторите ја доведе земјата во неизвесност и ги откри плановите на власта за опслужување на интересите на драхмата, рече Самарас.

Тој нагласи дека на денешната вонредна седница на Парламентот неговата партија ќе гласа против организирањето референдум за предлогот на кредиторите.

Грчкиот Парламент денеска попладне ќе почне дебата, по која пратениците треба да се изјаснат во врска со одржувањето на референдумот.

Парламентот го објави на својата интернет страница дневниот ред, според кој гласањето е закажано за 19 часот по локално време.

Владата има мнозинство за усвојување на предлогот за одржување референдум.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески