Нов судски процес против поранешниот хрватски министер Берислав Рончевиќ

Од:

Во Жупанискиот суд во Загреб денеска започна нов судски процес против поранешниот хрватски министер за одбрана Берислав Рончевиќ и неговиот соработник Ивица Бачиќ, под обвинение дека го оштетиле државниот буџет со набавка на скапи и не соодветни камиони за потребите на Вооружените сили на Хрватска.

Судот во Загреб веќе ги осуди Рончевиќ и Бачиќ за ова дело на четири, односно на две години затвор, но во април годинава Врховниот суд на Хрватска ја поништи пресудата и нареди ново судење.

Рончевиќ и Бачиќ се товарат дека во 2004 година на тендерот за набавка на камиони за хрватската армија, не ја прифатиле поповолната понуда на МАН, тукусе решиле за онаа на Ивеко, со што ја оштетиле државата за 10,2 милиони куни (1,34 милиони евра).

На денешното судење двајцата осомничени се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, а адвокатот на Рончевиќ нагласи дека во текот на процесот ќе докаже оти неговиот клиент не го извршил делото за кое е обвинет.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари