Нов напад во Сплит: Млада Јапонка ја нападнал маж, но успеала да побегне

Од:

Туристка од Јапонија која се шетала на ридот Марјан во Сплит ја нападнал непознат маж. Тоа се слуќило пред осум дена , а девојката за нападот напишала во писмо кое и го оставила на сопственичката на апартманот каде што отседанала.

Се работи за 26 годишна Јапонка која во писмото опишала дека ја нападнал постар маж. “Отидов изутрината на Марјан. Чуден постар маж ме зграпчи, бев многу уплашена“, напишала Јапонката во писмото.

Девојката во писмото не појаснила како успеала да побегне, бидејќи писмото и го оставила на сопственичката на апартманот, односно тоа било писмо со благодарност, во кое нападот само патем го спомнала. Сопственичката на апартманот ја известила полицијата за инцидентот наведен во писмото.

Нападот кој Јапонката го спомнала потсетува на убиството на мексиканската туристка Селена Маседо, што се случи на 25. август на истото место, ридот Марјан, во Сплит.

Според хрвтаската полиција освен писмото имало и пријава за вториот инцидент, но нема детали дали нападот има некаква поврзаност со убиството Мексиканката.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари