Нов лидер на „Самоопределување“ Висар Имери

Од:

Косовското движење „Самоопределување“ доби нов лидер. Тоа е Висар Имери, кој е избран за претседател на партијата од Генералниот совет на партијата, по завршувањето на изборите внатре во партијата.

Имери се заколнал дека новата одговорност ќе биде во ангажирањето за Косово кое само ќе одлучува и оти движењето ќе биде таму каде што ќе има закана на интересите на граѓаните. Тој вети многу повеќе протести и демонстрации за развој на Косово и елиминирање на општествената нееднаквост.

– Оваа ќе биде година на генерален развој за Косово, но и за нашата организација бидејќи и Самоопределување е во процес на реструктуирање. Заедно со новото претседателство ќе се ангажираме во засилувањето на активноста на Движењето „Самоопределување“ во Косово и надвор од него. Ќе ги зајакнеме нашите структури и капацитети на сите нивоа на организација и на целиот географски и општествен простор на Коово, изјавил Имери по изборот.

Висар Имери доаѓа на чело на „Самоопределување“ откако досегашниот лидер Алби Курти одлучи да биде само обичен активност на движењето.

За прв потпретседател на Самоопределување избран е Дритон Чауши, додека за втор Фатмире Мулхаџа-Колчаку.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски