Нов инцидент во Србија: Момче со нож избоде млад човек во стомакот

Од:

А.Р. (20) е тешко повреден во белградската населба Алтина кога момче (13) го прободе во стомакот, а постар маж е уапсен за поттикнување убиство.

Според неофицијални информации, ранетиот наводно e нападнат со нож од малолетник кој бил поттикнат на напад од постар пријател.

13-годишникот е осомничен дека зел нож и откако наводно бил поттикнат на напад од постар маж, момчето замавнало и го прободело во стомакот А.Р.

А.Р итно е пренесен во болница, а полицијата привела едно лице.

Според неофицијални информации, на полицијата веќе и бил познат нападнатиот А.Р. На лице место е извршена истрага, а улицата каде се случи нападот извесен период бeше блокирана за сообраќај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари