Нов бугарски патријарх ќе се бира на 24-ти февруари

Од:

Црковниот собор на бугарската православна црква, согласно светите канони и уставот на црквата, со тајно гласање ќе избере патријарх на 24-ти февруари.

Новиот патријарх придружуван од митрополите и епископите ќе пристигне во црквата „в. Александар Невски, каде што ќе биде прочитан актот на изборот и ќе биде објавен интронизацијата, на кој се поканети претставниците на сите православни цркви, дипломатски кор, највисоките претставници на бугарската држава и други гости со високи позиции.

Кандидатот не смее да биде помлад од 50 години, треба најмалку пет години да управувал како митрополит со епархија и „вистински да размислува за православната вера“, како и „точно да знае шти е црковен поредок“.

Претходниот бугарски патријарх Максим почина на 98 годишна возраст на 6ти ноември 2012 година. Максим од 1971 година беше патријарх на бугарската православна црква.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори