„Њујорк тајмс“: Поранешни американски официјални лица учествуваат во приватизацијата на Косово

Од:

Поранешни американски официјални лица од крајот на 90-те години сега се враќаат на Косово и учествуваат во приватизација на големи фирми што може да претставува конфликт на интереси заради нивни влез во вносни бизниси, објави Њујорк тајмс.

Весникот ја опишува сегашната состојба на Косово оценувајќи ја како најекстремен пример за учество на поранешни американски дипломати кои беа поврзани со регионот со приватизации кои следуваа.

– Премиерот Хашим Тачи е во дилема. Еден од понудувачите за купување на косовската телекомуникациска компанија РТК е компанија на поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт. За другата лобира Џејмс Пердју, специјален пратеник за Балканот во време на Клинтон, наведува весникот.

Весникот пренесува дека Тачи се жалел на притисоци по средбата со Пердју во октомври, бидејќи кој понудувач да победи два милиони луѓе ќе мислат дека го издал оној другиот. Њујорк тајмс објавува дека многу поранешни американски официјални лица се вратиле на Косово со желба да учествуваат во бизнис со јаглен, телекомуникации или да бидат лобисти за вносни владини бизниси кои се плаќаат од буџетот.

Меѓу нив е и пензионираниот командант на НАТО во Европа, Весли Кларк кој како што се наведува, раководеше со бомбардирањето на силите на Слободан Милошевиќ, како и извршниот директор на Советот за национална безбедност од времето на Клинтон, Марк Тавларајдс.

Стејт департментот нема правила кои би забраниле на поранешни дипломати да лобираат во име на државата во која претходно работеле или да се вратат во нив заради приватни бизниси.

Постои само едногодишна забрана за сите федерални високи службеници да работат со агенции во кои претходно работеле и доживотна забрана во нив да бидат советници.

Косово не е единствен пример каде поранешни официјални лица се вратиле поради бизнис. Тука е и Ирак, но Косово е екстремен случај поради вкупното надворешно влијание во тоа подрачје.

Приштина е можеби единствениот град во светот каде улицата на Боб Дол го сече булеварот Бил Клинтон, наведува весникот.

Кога од весникот побарале коментар, голем дел одговориле дека тоа го прават за народот на Косово додека Кларк рекол дека е навредливо да се сугерира за каков било судир на интереси  меѓу неговата поранешна работа и сегашните приватни активности.

– Мојот бизнис е транспарентен, му помага на народот на Косово и ќе му донесе стотици милиони долари инвестиции, истакнува Кларк кој е директор на Енвидити, канадска енергетска компанија која истражува залихи на лигнит во Косово и прави синтетичко гориво од тоа.

Професорот Лоренс Лесиг од Харвард вели дека профитирањето претставува ризик за уништување на угледот на САД, кои во 1999 година воделе хуманитарна интервенција, оценува њујоршкиот весник.

Една од компаниите кои бараат место во Косово е и Олбрајт Капитал Менаџмент, основана од Медлин Олбрајт. Тие се борат за 75 отсто акции во  телекомуникацискиот РТК. Проценките се дека продажбата на ПТК може да достигне цена од 400 до 800 милиони долари.

Она што загрижува е тоа дека сестринската компанија Олбрајт Стоунбриџ Груп веќе има дел акции во единствената конкурентска на ПТК, словенечката телекомуникациска компанија IPKO.

Олбрајт не прифатила да зборува за весникот упатувајќи соопштение дека компанијата сериозно ги зема предвид сите свои обврски.

Њујоршкиот весник потсетува дека Олбрајт во 2004 година стана специјален советник на претседателот на управата на компанијата IPKO, Акан Исмаилија кој сега е нов амбасадор на Косово во САД.

Косовската Влада негира дека кои било странски дипломати имаат специјален статус.

– Се надевам дека ќе заработат на Косово и дека Косово ќе заработи од нивните инвестиции. Косовската Влада нема да избере компанија само затоа што е американска, вели Петрит Селими, заменик на министерот за надворешни работи на Косово.

Телекомуникациите не се единствен бизнис во кој учествуваат американски компании – тука се и изградба на ститици километри автопат кој ја поврзува Приштина со албанската граница, а работата во 2010 година ја доби компанијата Бечтел од Сан Франциско, заедно со турски Енко. Работата за Бечтел ја обезбеди извршниот директор  на Советот за национална безбедност на САД од времето на Клинтон, Марк Тавларајдс преку вашингтонската лоби-фирма Ван Скојок Асосиејтс, наведува Њујорк тајмс.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски