Ниту една држава од регионот нема да влезе во ЕУ во следните пет години

Од:

Европскиот парламентарец и претседател на Делегацијата на Европарламентот за односи со БиХ и Косово Тонино Пицула, изјави дека во наредните пет години ниту една држава од регионот нема да влезе во ЕУ, јави Танјуг.

Кога станува збор за БиХ, Пицула рече дека Унијата во иднина ќе преговара само со оние кои се на одговорни функции, а не како досега со претседтелите на политичките партии.

– Досегашните разговори со шесторката, семорката се покажаа бескорисни па преговорите се враќаа во институциите, рече Пицула.

Пицула рече и дека би сакал во БиХ да се води консензус за земјата, а не, како што рече, да се создава постојано хомогенизација на оделни народи, и оти новата власт треба да работи на тоа.

Запрашан што  доколку тоа не се случи бидејќи некои од политичарите и претходно беа на власт па немаше помстување, Пицула рече дека ако не ги задоволат очекувањата тогаш тие би требало да си одат од власт.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ