Николиќ: Србија никогаш нема да ја прифати независноста на Косово

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ во разговорот со претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ истакна дека неговата држава е посветена на евроинтеграиции, но дека не сака да го признае Косово.

– Србија со Унијата преговара за сериозни отстапки, но постојат прашања за кои што нема договор-рече српскиот претседател.

Според неговите зборови постои само еден услов кој што Европа се уште не и го поставила на Србија.

– На тој услов, одговорот на Србија е дека никогаш нема да прифатиме независност на Косово-изјави Николиќ.

Според српскиот претседател неговата држава е доведена во ситуација да прави нешто што многу држави во светот не би го направиле, да преговара со оние кои незаконски прогласија независен дел од Србија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак