Николиќ: Се надевам дека Србија и Република Српска ќе бидат едно

Од:

Српскиот претседател во заминување Томислав Николиќ денеска изјави дека искрено се надева оти Србија и Република Српска „еден ден ќе бидат едно“.

– За среќа, Србите се уште не ги апсат поради искажаните желби, па така се уште можеме да ги искажуваме. Да, јас искрено се надевам дека еден ден ќе бидеме едно, изјави Николиќ на локацијата на која се гради мостот „Братољуб“ на реката Дрина, со кој ќе се поврзат српскиот град Љубовија и босанскиот Братунац, кој административно припаѓа во Република Српска.

Николиќ рече дека спојувањето на Љубовија и Братунац има голема симболика, додавајќи дека Србија и Република Српска и покрај противењата, „со тешка мака и многу напори ја градат својата заедничка иднина“.

– Додека Европа се обединува и меѓу многу змеји во светот се раѓаат некакви сојузи и организации за остварување на заедничките цели, овде еден народ кој е поделен со Дрина има мака да докаже дека се што се работи во Србија има влијание и во Република Српска и обратно, рече Николиќ.

Тој истакна дека Србија и Република Српска „ќе се поврзат“, додавјаќи дека српскиот ентитет во БиХ „сака да се развива заедно со сите останати во Србија“.

– Горд сум што конечно и во Србија и во Република Српска постојат раководства што во исто време мислат на двата дела на српскиот народ, потенцира Николиќ.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој го придружуваше Николиќ, изјави дека мостот ќе биде изграден и пуштен во употреба до крајот на август.

Додик нагласи дека мостот е особено важен за поврзување на жителите на тој дел на Србија и на Република Српска, па затоа и е наречен „Братољуб“.

– Мостот ги спојува бреговите на Дрина, која е митска река за нашиот народ и на овој начин ние ја покажуваме и докажуваме нашата упорна определба за единство на српскиот народ од двете страна Дрина, Република Српска е свртена кон Србија. Република Српска се радува на силата на Србија и на нејзиното економско и секакво друго зајакнување, порача Додик.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија