Николиќ: Мојот став за Хаг не се смени

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Претседателот на Србија Томислав Николиќ рече дека неговиот став за Хашкиот трибунал не се сменил од времето кога бил заменик претседател на Српската радикална партија.

На прашањето каков ќе биде неговиот говор во Генералниот парламент на Обединетите нации за работата на меѓународниот кривичен трибунал тој одговори дека можеби и не би зборувал во Њујорк, доколку Хашкиот суд дозволи Србите кои служат казни во различни држави, бидат преместени во Србија.

-Тоа беше знак дека Хаг има ист третман кон сите. Мојот однос кон Хаг не се промени од оној ден кога бев шеф на тимот за одбрана на Воислав Шешељ. Што мислев тогаш, мислам и сега – изјави Николиќ.

Николиќ истакна дека Србија многу бргу може да очекува инвестиции од Турска, Азербеџан, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

-Интензивно размислувам моите патувања и контакти со претседателите и владите на други држави да донесат конкретна корист за граѓаните на Србија – нагласи тој.

Тој напомена и дека во многу држави денес е доволно да се каже „Тито“, иако критикувал многу работи од неговото време.

Николиќ оцени дека треба да остави неколку министерства да се занимаваат со проекти, а не само со кредити, задолжувања и потрошувањето.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада