Ни случајно Хрватите да не ги нарекувате Југословени

Од:

Травел ченл – Moнтгомери

Патувањето по Хрватска на многумина ќе им биде многу пријатно, но еве неколку работи кои смеете и не смеете да ги правите, за да ви помогнеме да се снајдете во различната понуда на оваа земја – стои на почетокот на текстот, а ова се најновите совети за туристи кои одат во Хрватска…

Не се плашете од автобусите

Во многу земји патувањето со воз е најбезбеден начин за патување на туристите, но во Хрватска возовите не се најдобар избор за движење по земјата. Иако Хрватски железници поврзуваат многу градови, не постои поврзаност со југот, на пример од Сплит до Дубровник, најпопуларните хрватски дестинации. Сообраќајот со воз исто така е ограничен во Истра, туристичка дестинација на север, споредувана со Тоскана поради ридовите, лозјата и маслинките. Затоа, седнете во автобус кој ќе ве однесе на вашата локација.

Внимателно во сообраќајот

За тие кои сакаат да изнајмат автомобил за време на својот престој во Хрватска, имајте на ум дека Хрватите возат автомобили со рачен менувач. Ако сакате автоматик, мора посебно да потенцирате. Не зборувајте на мобилен додека возите, поради тоа во Хрватска можат да ве казнат. Локалните возачи често агресивно претекнуваат автомобили пред себе, па иако погледот на патот од Сплит до Дубровник е неверојатен, држете ги очите на патот. Оградите на некои кривини не изгледаат многу безбедно.

Возете се со траекти и мали бродови

Хрватските острови се вистинска мамка за капење во чисто и кристално море. Многу жители имаат свои чамци со кои пловат од островите до копното. Вообичаено е да се патува со траекти, но имајте на ум дека тоа некогаш тешко може да се испланира, бидејќи на пример траектите од север до југ на пример од Риека до Дубровник, возат само два пати неделно. Обидете се да најдете некој локалец да ве превезе со чамец на саканото место.

Не одете по дубровничките Ѕидини кога има гужва

Јули и Август се срцето на сезоната во Хрватска, па се очекуваат гужви. Дубровничките Ѕидини се најпопуларна туристичка атракција во тој град, но послушајте го советот на локалците, не одете во посета на тоа место преку ден и за време на најголемите гужви.

Внимавајте! Има мини

Ако се одлучите на диви патеки, имајте на ум дека постојат мински полиња во источна Славонија, Бродско-посавската жупанија, околу Карловац, околу Задар и Плитвице. Се очекува Хрватска да се ослободи од мините до 2019 година, но мини нема во туристичките региони и шансите дека турист ќе посети некои од наведените места се многу мали. Но, како и да е, ако се движите во наведените подрачја, обрнете внимание на знаците за предупредување.

Сетете се на светецот заштитник

Хрватите претежно се католици и имајте на ум дека секое село и град има свој светец заштитник, чиј ден се слави со прослави, церемонии и веројатно неработен ден. Хрватите посебно се верни на Дева Марија, која ја нарекуваат Госпа. Покрај патиштата често ќе видите мали светилишта во нејзин спомен.

Не ја нарекувајте земјата Југославија

Хрватска долго се борела со напаѓачи и странски влади: унгарската, харбсбуршката, отоманската, венецијанската, српската и југословенската. Државата стекна независност во 1991 година и веднаш потоа влезе во крвава војна. Сега Хрватите се слободни, со заслужено чувство на национална гордост. Значи, нека не ви паѓа на ум да ги наречете Југословени.

Внимавајте на јазикот и споредбите со Србите
Лингвистите велат дека хрватскиот јазик е речиси идентичен со српскиот, освен што Хрватите пишуваат на латиница, а Србите на кирилица. Сепак, секогаш нивниот јазик нарекувајте го хрватски, не српско-хрватски, како што се викаше во минатото. Споредбите со било што српско можат да бидат чувствителна тема.

Внимавајте каде се капете во топлес!

Многу туристки се капат во топлес на плажите на северниот и централниот дел од брегот, постојат дури и нудистички плажи кои се посебно оградени. На југот состојбата може малку да е поинаква, па бидете подискретни. А ако се најдете во Врбник, знајте дека тоа е родно место на многу хрватски бискупи и се работи за многу религиозна заедница, па задржете ја својата облека на себе.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик