Независниот полициски синдикат на Србија: МВР наликува на Дивиот запад

Од:

Независниот полициски синдикат на Србија соопшти денеска дека состојбата во Министерството за внатрешни работи повеќе наликува на Дивиот запад, отколку на полиција, која треба да биде столб на државната безбедност и на безбедноста на граѓаните.

Во отвореното писмо до новоизбраниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ синдикатот ги наведува „горечките проблеми во полицијата“.

Синдикатот посочува дека полициските униформи се стари над седум години и полицајците се принудени со сопствени средства да си купуваат нови работни костими, додека службените автомобили се над 20 години стари и нивната поправка и одржување чинат повеќе, отколку да се купат нови.

Синдикатот побара од новиот министер итно да бидат исплатени досегашните доцнења на примањата на вработените во Министерството.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски