Невин човек од Славонија одлежа осум месеци во затвор, ќе добие отштета

Од:

Министерството за правда на Хрватска мора да му плати отштета од 13.006 евра на маж (32) од Славонија бидејќи поминал 245 дена во притвор во затворот Осиек, по што се покажало дека е невин. Пресудата беше донесена деновиве во судот во Осиек за предмет кој датира од 2014 година.

Таа година, на 26 јули, полицијата на Истра го уапсила М.П., ​​на граничниот премин Пожане, кога се обидувал да влезе во Хрватска, и бил спроведен во истражниот затвор во Осиек. Жупанискиот суд му изрече мерка притвор поради сомнение за кривично дело разбојништво. Имено, тој бил обвинет дека вперил пиштол во продавачка и дека украл пари во продавница.

Кривичната постапка траеше до 27 март 2015 година, кога беше ослободен од сите обвиненија, а сето тоа време го помина во истражен затвор.

По излегувањето од затвор, М.П. од Министерството за правда побара отштета од 98.000 куни, што Министерството го одби, а целиот случај заврши на суд, каде што се претвори во судска битка која траеше до минатата недела.

М.П во тужбата навел дека пред апсењето имал работа во Германија каде земал плата од 2.800 евра месечно, која за 8-те месеци поминати во притвор изнесувала 22.400 евра. Министерството одбило да му ја надомести таа загуба со образложение дека тогаш имал 23 години и дека претходно бил осуден за поседување марихуана, а не му верувале дека работи во Германија. Затоа се согласиле да му платат 68.600 куни, што било премалку за ова.

На крајот, Општинскиот суд во Осиек делумно го прифати неговото тврдење, иако го најде спорно, како и министерството, дека тој има право на 400 куни дневно на име на наводни неисплатени плати. На крајот, М.П ќе добие 13.006 евра од државата, што е околу 98.000 куни, а решението може да се обжали во рок од 15 дена.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он