Нетанјаху: Зад нападот стои Иран, ќе возвратиме на ударот

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран за бомбашкиот напад во кој загинаа израелски туристи во бугарскиот град Бургас и изјави дека Израел ќе одговори на ударот.

„Сите знаци водат до Иран”, изјави Нетанјаху.

„Само во изминатите неколку месеци видовме ирански обиди да напаѓаат Израелци во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар“, рече тој.

„Точно 18 години по експлозијата во еврејскиот центар во Аргентина смртоносниот ирански терор продолжува да зема невини жртви. Тоа е ирански терористички напад, кој се протега низ целиот свет. Израел ќе реагира моќно против иранскиот терор “, гласи текстот на изјавата.

Израелските медиуми потсетуваат дека на 18 јули 1994 година Хезболах го крена во воздух еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 86 лица.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори