Неколку конзулати во Истанбул примиле коверти со жолт прав

Од:

Турската полиција е ставена во состојба на тревога поради коверти со жолт прав, што денеска биле испратени до генералните конзулати на неколку држави во Истанбул, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Екипи на Дирекцијата за управување при несреќи и вонредни состојби (ДУБИС) во моментов врши инспекции во конзулстите на Германија, Канада и Белгија.

Службеници во конзулатот на Канада, во истанбулскиот кварт Левент, утринава во добиената пошта, отвориле ковери во кои, подоцна се покажало, дека има жолт прав. Тие веднаш ја информирале полицијата, која испратила експерти за да ја утврдат ситуацијата со непознатиот прав.

За овие случаи биле инфомирани и деминери и медицински екипи.

Во генералниот конзулат на Канада, исто така, пристигнале екипи на ДУБИС, облечени во скафандери.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски