Негативни реакции за владините мерки од таксистите и организаторите на културни настани во Грција

Од:

Невкусна шега е возењето на само еден патник со такси, коментираат од синдикатот на такси возачи од областа Атика, поширокиот регион на Атина, во однос на одлуката на грчката Владата да не ја укине мерката што е во сила за ограничувањето на бројот на патници во такси возилата.

Од синдикатот, преку писмо до Министерството за транспорт бараат промена на одлуката и коментираат дека во многу случаи исто такси возило користат двајца вработени кои работат заедно, членови на семејство и сл.

-Господа, едноставно замислете си. Едно тричлено семејство сака да оди некаде. Вика такси. Доаѓаат три такси возила за трите членови на семејството кои живеат заедно. Смешно е. Невкусна шега, соопштуваат од синдикатот на такси возачи.

За владиниот план за олабавување на рестриктивните мерки, реакција стигна и од грчкото здружение на организатори на културни настани кои ја изразија загриженост, откако грчкиот премиер вчера рече дека во текот на летото речиси е невозможно да се дозволат големи собири како што се фестивали, концерти или спортски натпревари со публика.

Од здружението коментираат дека ако владата не ги заштити, тогаш „културниот потенцијал на земјата ќе пропадне или ќе исчезне“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески