Наскоро достапни комплетите за тестирање на коронавирусот направени во Турција

Од:

Комплетите за тестирање на коронавирусот направени во Турција ќе бидат достапни за употреба во наредните еден до два дена, јави агенцијата Анадолија.

– Во наредните еден до два дена ќе биде достапен комплетот за брзо дијагностицирање на вирусот, изјави министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, пред пратениците во турскиот Парламент.

– Турција досега спроведе над 10.000 тестови. Нашата цел е да се прават најмалку 10.000 до 15.000 тестови дневно, изјави тој.

Министерот за здравство изјави дека Владата ќе го зголеми бројот на лаборатории на 36.

– Досега, 18 лаборатории ги извршуваат тестирањата во соработка со две универзитетски фондации, изјави Коџа и додаде дека Турција има 99.797 еднокреветни соби кои можат да се користат за изолација или интензивна нега на пациенти.

Турција синоќа го потврди вториот смртен случај од коронавирусот. Потврдени се 93 нови случаи на зараза при што бројот на заразени во земјата изнесува 191.

Турскиот министер за здравство повтори дека превентивните мерки за спречување на епидемијата, како што се останување дома и избегнување јавни собири, треба да бидат сфатени сериозно.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски