Нападната полициска станица во Бујановац

Од:

Во селото Добросин кај Бујановец синока е нападната полициксата станица, но никој не е повреден. На прес конференција, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, потврди дека напаѓачите се дел од албанската терористичка група кои дошле од правец на Косово.

„Нема мирно да гледаме како некој напаѓа полицајци“, вели Дачиќ и додаде дека се испукани неколку рафали во полициксата станица.

Според него на должност биле четворица полицајци и за среќа немало никакви последици за нив. Дачиќ кажа дека нападот врз станицата бил повторен по кратко време, но полицијата одгворила со 15 тина испукани куршуми кон нив.

„Ова е драстичен пример на кршење на спогодбата со меѓународната заедница и уште еден доказ колку се загрозени мирот и безбедноста. Нема мирно да гледаме како некој напаѓа полицајци преку административната линија“,  рече Дачиќ.

Селото Добросин, каде се наоѓа контролен пункт кон Косово е на 16 километри југозападно од Бујановац. Селото е познато по тоа што на почетокот на 2000. године што е таму создадена таканаречената Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ