Најмладиот кандидат за претседател на Хрватска

Од:

Иван Вилибор Синчиќ е најмладиот кандидат за претседател на Хрватска,кој на изборите излегува како што вели да предупреди на неможноста да се подмират долговите и кредитите во ссегашните услови во Хрватска.

Дваесет и петгодишниот апсолвент на електротехничкиот факултет од Карловац по четири години активизам и политичка работа бил организатор на многу акции и иницијатива против политичките елити.

Уште во 2011 година бил еден од организаторите на протестите против владата на ХДЗ, а од 2012 година ја организира и координира граѓанската иницијатива која прерасна во политичката партија „Жив ѕид“ чија основна цел е спречување на ислеувањето на должните граѓаните од страна на банките.

За помалку од три години, заедно со „Жив ѕид“ успеал да спречи преку стотина закажани иселувања на граѓани, а поради своите политички активности неколку пати е приведуван.

Освен со политика, се занимава и со органско производство, а интерес му се и обновливите извори на енергија.

-Сакам да се сопре со мерките на штедење и кражбата на граѓаните на сите можни начини, деблокада на 320.000 блокирани сметки како и итно запирање на сите иселувања, ја образложи програмата најмладиот кандидат за претседател на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари