Најмалку три жртви во судири меѓу полиција и курдски бунтовници во Југоисточна Турција

Од:

Најмалку три лица се убиени во улични судири меѓу турските сили за безбедност и курдски бунтовници во градот Јуксекова, во Југоисточна Турција.

Абдулах Зејдан, пратеник од турската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН) денеска изјави дека седум лица се повредени во судирите во Јуксекова, во близина на границата со Иран и Ирак.

Според турските медиуми, немирите во градот започнале откако властите од синоќа вовеле полициски час.

Над 100 лица, повеќето војници и полицајци, се убиени од минатиот месец по продолжување на конликтот меѓу забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и турските сили за безбедност.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски