Најголем дел од Словенците летните одмори ќе ги поминат во земјата

Од:

Повеќе од 66 отсто од Словенците се уште не знаат дали и каде ќе ги поминат летните годишни одмори, покажа истражувањето на агенцијата Медијана.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, 38 отсто од испитаниците би летувале дома во Словенија, а најголем дел од нив тоа би го направиле во туристичките центри покрај морето.

Според агенцијата доколку не постоеја ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот една третина од Словенците одморот ќе го поминеа во соседна Хрватска.

Државата со цел да го стимулира летувањето во Словенија одлучи на сите полнолетни граѓаните да им даде неповратен вредносен ваучер од 200 евра кој ќе биде наменети исклучиво за плаќање на сместувањето во домашните туристички капацитети.

Ваквите ваучери ќе важат веќе од први јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег