Нафтена дамка на Дунав кај Вуковар

Од:

На површината на Дунав кај хрватскиот град Вуковар е забележана нафтена дамка широка околу 50 метри, објави електронското издание на загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

Според весникот, дамката се наоѓа на 1.347-от километар на Дунав на потегот од границата на Осијечко-барањската Жупанија до Вуковар.

Засега не е познато од каде потекнува дамката. Последниве денови во реонот околу Вуковар стоеја повеќе речни бродови и шлепери, кои чекаа за влез во вуковарското пристаниште.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари