Над десет илјади бегалци пристигнаа вчера во Хрватска

Од:

Над десет илјади бегалци пристигнаа вчера во Хрватска, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи.

Министерството нагласи дека бројот на бегалците, кои пристигнуваат во земјата се зголемува.

– Во петокот беше забележан рекорд во однос на бројот на имигрантите кои пристигнаа во еден ден. Во Хрватска во моментот се наоѓаат околу 65 илјади бегалци. Од хрватската територија мигрантите најчесто се насочуваат кон Унгарија, од каде продолжуваат за Австрија и Германија, но и кон други држави во Западна Европа, се наведува во соопштението на хрватското МВР.

Повеќето мигранти се сместени во бегалскиот камп во Опатовац, кој се наоѓа во близина на хрватско-српската граница.

– Од Опатовац бегалците постепено ќе бидат превезувани со автобуси кон границата со Унгарија, додаде Министерството.

Ситуацијата на хрватско-српската граница по укинувањето на блокадата е целосно стабилизирана.

Министерството нагласи дека сите гранични пунктови работат во нормален режим и не се регистрирани инциденти.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари