Над 20 повредени во судири во јужниот дел на Косовска Митровица

Од:

Најмалку 20 лицa се повредени, петмина се уапсени, а запленети се четири возила во вчерашните судири меѓу демонстранти и полиција за време на протести во јужниот дел на Косовска Митровица, соопшти полицијата.

Протестите се организирани од Албанци од јужниот дел на Косовска Митривица поради изградба на т.н. „Парк на мирот“. За време на протестите дошло до судири меѓу кордонот полиција и демонстрантите.

Учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и шишиња кон припадниците на косовската полиција и ЕУЛЕКС, кои одговориле со употреба на солзавец и шок бомби.

– Билансот на денешните протести и судири во јужниот дел на Косовска Митровица се 13 повредени полицајци и шест повредени демонстранти, изјави портпаролот на косовската полиција за јужниот дел на Митровица Авни Захити, додавајќи дека досега се уапсени пет лица.

Според приштинските медиуми во судирите меѓу полицијата и демонстрантите се повредени и двајца новинари. Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Џуриќ најостро ги осуди протестите во јужниот дел на Косовска Митровица, истакнувајќи дека тие се насочени против мирот, соживотот и стабилизирањето на односите меѓу Србите и Албанците, соопшти Канцеларијата за Косово, јави Танјуг.

Претседателот на Косово Атифет Јахјага синоќа, по повод насилните протести, повика за изнаоѓање на мирно решение.

Во соопштението, Јахјага нагласува дека било какви обиди за решение со употреба на сила само ја заоструваат ситуацијата и пречат на процесот за нормализирање на ситуацијата во Косовоска Митровица и општините во северниот дел на Косово.

Владата на Косово соопшти дека барикадите на мостот на реката Ибар ќе бидат отстранети и слободата на движење ќе биде гарантирана според законите и Уставот на Косово и во согласност со Бриселскиот договор.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски