Над 180.000 Хрвати работно неактивни

Од:

Државниот завод за статистика на Хрватска објави дека над 180.000 граѓани на Хрватска стари меѓу 15 и 65 години, се работно неактивни.

Тие не се вработени, не работат ниту хонорарно, ниту на кој било друг начин заработуваат, не бараат работа, не се школуваат, а не се ниту во пензија, покажува анкетата за работната сила во Хрватска и Европа, која ја спроведе Државниот завод за статистика.

Неактивни се оние кои имаат можност за работно делување, но од некоја причина не се заинтересирани за работа или не можат да ја пронајдат.

– Ако размислуваме за тоа дали постои една, две или три причини, веројатно ќе згрешиме. Тука говориме за цел спектар различни индивудуални причини поради што некој може да биде работно неактивен, појасни Марко Олтеан од порталот „Моја работа“.

– Оние кои сакаат да најдат работа, а не можат да ја најдат – тука треба да се пронајде начин како тие луѓе да се поттикнат да ја пронајдат, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари