На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Од:

Сплитската полиција денеска поднесе кривична пријава против маж (37), кој во неделата фрли запалива течност во Солин и тешко повреди 15-месечно девојче.

Полицијата соопшти дека ја завршила истрагата за 37-годишниот маж, против кого ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Општинско државно обвинителство во Сплит.

– Од страна на судско-медицинската истрага е утврдено постоење на основано сомнение дека 37-годишниот ги сторил елементите на кривичното дело загрозување живот и имот со општо опасно дело или средство, што со оглед на тоа што го предизвикал тешките физички повреди на детето, се третира како тешко кривично дело против општата безбедност, изјави портпаролот на полицијата Жељка Радошевиќ.

Несреќно девојче е повредено за време на роденденска прослава во населба во Солин. Тогаш 37-годишниот се обидел да запали скара со запалива течност во шише, но тоа се запалило, па мажот панично го фрлил шишето, а девојчето се запалило и се здобило со тешки изгореници на лицето и десната рака.

Таа итно била пренесена во болница и сместена на Одделението за интензивна нега. Лекарите велат дека не е во животна опасност и веруваат во позитивен исход од лекувањето.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари